Не ѝ е потребен ниту маж, ниту војник...

Некогаш одамна мислеше дека ѝ е потребен. Многу, многу одамна. Сонуваше за тоа и секогаш кога ќе видеше ѕвезда како паѓа посакуваше таква желба и се надеваше дека еден ден, тој ќе се појави со своето таинствено и полно срце, во војнички чизми, подготвен на борба против демони, подготвен да ѝ ја подари својата бескрајна љубов.

Но, не повеќе. Сега ѝ е потребен простор, самотија и ширум отворени врати. Потребен ѝ е воздух во градите, потребно ѝ е животот во целос да влезе во нејзините коски и да пулсира низ правливите комори околу нејзиното срце. Таа знае дека осаменичкиот пат не е секогаш лесен – може да биде непопустлив и понекогаш да биде затрупан од осаменоста. Но, сепак ја турка да копа длабоко, под сите свилени слоеви на нејзиното тело, и да се запраша од кој древен напиток, од која ѕвездена прашина, сила и ткаенина, всушност е создадена. И тоа прави да се чувствува навистина живот. Ја поттикнува да се сврти и промени, а магловитиот самотнички пат ја поттикнува храбро да се движи напред, да се открива себеси и да си ги простува сопствените недостатоци.

Во минатото паѓаше на шармот на елегантните мажи кои само паметно се преправаа дека се бестрашни војници со прекрасни зборови, но нивните чувства исчезнуваа и се топеа. Тие беа привремени, чудесни моменти, но тие ѝ направија длабока дупка во градите, а умот неколку пати ѝ рече: „Не, ова веќе ти е познато, драга, тој не е вистинскиот за тебе.“ Иако не беше секогаш подготвена да слуша, нешто во неа знаеше дека треба да ги прекине тие повици и пронајде начин со кој се насочуваше кон својот пат и кој ја држеше подалеку од скршени срца и болка.

Да, понекогаш чувствува тага и болна празнина која понекогаш ја фаќа неподготвена. Таа копнее по интимност, духовна врска со љубопитен и драг човек со магнетична душа, но не ѝ е судено за тоа, а дефинитивно нема да се помири со половични односи. Она што ѝ е потребно е да дише слободно и да ја открива мистеријата на животот.

Таа е ураган, има своја внатрешна смиреност, непобедлива љубов која ја чува на сигурно и нежно заштитено место. Таа е своја сопствена тивка муза, неисцрпна космичка сила, таа е свој сопствен војник. Не ѝ се потребни ветувања, ниту пак подароци. Само сака да го гледа зајдисонцето, да го слуша шепотењето на лисјата и да го почувствува ветерот кој ѝ ја бушави косата и така ќе знае дека е сакана.

Нема неуморно да трага, но ако некогаш се појави некој маж и ако не се обиде да ја украде нејзината магија и сјај, тогаш ќе го препознае и можеби дури и ќе посака тој да биде во нејзина близина и иако таа може да се грижи за него и да го обожава, таа никогаш нема да биде зависна од него, затоа што таа е сѐ е она што ѝ е потребно.

nike air max 1 sale