Не грижи се, не доцниш никаде...

Старите велат: „Трпение – спасени“. Од друга страна, велат дека животот минува за миг. Додека ги слушаме тие разноразни говори, се наметнува заклучокот дека треба да бидеш трпелив додека гледаш како времето ти проаѓа.

И тогаш почнува паниката.

Трпението е давање шанса на времето да работи за нас. Со оглед на тоа дека живееме во свет во кој ни порачуваат дека ако не работиш за своите соништа нема ни да постигнеш ништо, ризично е да ги препуштиме работите во рацете на времето. Затоа, тоа мајсторство на совладување на времето ретко кому поаѓа од рака.

Кога наместо стравот од минливост изберете да размислувате за силата на вечноста, кога знаете дека во овој живот не постојат „вашите 5 минути“ како само една можност да ја покажеш својата вредност, туку дека најголема вредност има ставот дека целиот овој живот сѐ вашите 5 минути.

Кога ќе одлучиме натпреварот наречен Живот да го играме по наши правила, трпението тогаш не се состои од нервозно седење на клупа, туку станува време за земање здив за време на полувреме. Кога ќе сфатиме дека не го трпиме времето, туку дека тоа може да работи за нас, дури тогаш може да ни тргне во животот.

Тогаш престанува паниката.

Ќе доживееме вистинска љубов кога ќе избираме партнери затоа што ги сакаме, а не затоа што ни е време да стапиме во брак. Ќе бидеме прекрасни родители тогаш кога ќе ги раѓаме децата затоа што ги сакаме, а не затоа што е време да ги имаме. Ќе бидеме најубави кога ќе почнеме да носиме облека која одговара на нашиот стил, а не во склад со нашите години. И на крај, нема да изгледаме одлично за свои години, туку ќе бидеме одлично, без оглед на тоа во кое животно доба се наоѓаме.

Се додека водиме битки со времето ќе бидеме само војници кои живејат во страв од она што може да го донесе времето. Само кога ќе престанеме да водиме војни со време ќе можеме да почнеме да уживаме во нашите постигнувања. Времето не ни ги диктира работите кои треба да ги правиме, туку општеството. Времето ни ги овозможува работите. Не водиме битни со времето, туку со човечкиот концепт за времето.

Тоа што снегот не паднал точно на оној датум кога календарски започнува зимата не значи дека задоцнил, ниту пак тоа што во лето порано го дочекуваме изгрејсонцето, значи дека сонцето подранило. Не се грижи. Не доцниш никаде. Ниту пак ќе стигнеш предвреме. Овој универзум не знае ниту за часовник, ниту за календар, само за природниот ритам на твоите битие.