Не го трошете животот на постојани поплаки

 

Не го трошете животот на постојани поплаки. Човек кој бара недостатоци во сè, ретко наоѓа нешто друго. Нека вашиот живот биде радосен извик, а не досаден изговор. Сите тие очајни луѓе кои постојано се жалат ќе ви кажат дека успехот е само среќа.

Децата се раѓаат оптимисти, но светот напорно се труди да ги ослободи од овие „илузии“. Останува фактот дека колку повеќе се жалите, толку помалку добивате. Животот на поплаки е јама без дно. Единствената разлика помеѓу јамата и гробот е времето. Привлечниот дух прво доаѓа како обичен посетител, потоа како гостин и на крајот останува како домаќин.

Некои луѓе секогаш го гледаат само лошото во моменталната ситуација. Дали сте запознаени со таквите? Малите нешта влијаат на малите души. Некои луѓе се сосема сигурни дека би можеле да поместат планини само ако некој ги отстрани сите камења од нивниот пат. Најразочарани се оние кои го прифаќаат само она што ќе им падне во раце.

Оние кои се жалат и лелекаат секогаш бараат друштво на други како нив. Тие привлекуваат други очајни луѓе и одбиваат позитивни луѓе…

Не се жали. Тркалото што најмногу чкрипи секогаш прво се менува. Ако се жалите на луѓето, тогаш немате време да ги сакате.

Џон Мејсон „Ти си роден како оригинал, не умирај како копија“.