Не го трошете животот на луѓе на кои не сте им прироритет

 

Не го трошете животот на некои луѓе чии заеднички денови беа повеќе серија лекции отколку збирка убави спомени.

Не трошете го својот живот, зборови или знаци на внимание на оние кои ве ставаат на дното на нивната листа на приоритети додека вие ги ставате на врвот на неа.

Не трошете го животот на луѓе со кои разговорите секогаш требаше да бидат бирање зборови и ако сте кажале нешто погрешно, долго ги чувствувавте последиците.

Не го трошете животот на оние кои никогаш не ги виделе твоите солзи, оние кои никогаш не разбрале што се крие зад насмеаното лице, оние кои немале трпение со твоите слабости.

Не го трошете животот на луѓе чија рамнодушност кон вас е толку голема што се гледа од вселената, но само вие не можете да ја видите.

Заштитете го вашето време бидејќи е ограничено и брзо истекува. Нема да добиете повеќе од тоа.

Само така ќе покажете колку се грижите секој ден да си го дозволите она што навистина го заслужувате.

Марио Жувела