Не го трошете своето драгоцено време на нешто што не е судено да успее

Некои работи не се судени да успеат. Не можете ништо да присилувате. Колку и да се трудите, колку енергија и да потрошите, на крајот ќе останете истоштени и повредени.

Не можете да ги натерате да бидат личноста која вие сакате да бидат. Не можат да ве сакаат ако не го чувствуваат тоа. Не се трудете бесцелно.

Понекогаш личноста со која мислите дека ќе ви биде најдобро е личноста без која најдобро ќе живеете. Не се губете себеси и својот карактер, обидувајќи се сами да изградите нешто без напорот на другата личност. Не ги терајте да ви дадат нешто за што не се подготвени да направат.

Не го трошете своето драгоцено време на нив.

Можеби не разбирате зошто е тоа така во овој момент, но со тек на време ќе ви стане јасно. По неколку месеци ќе погледнете назад и ќе разберете.  Не ја ставајте својата среќа на чекање, за некој кој не е подготвен да биде среќен со вас.