Не го прифаќајте минимумот, секогаш заслужувате повеќе

Премногу луѓе со меко срце го прифаќаат минимумот, бидејќи мислат дека не заслужуваат повеќе.

Штом најдат нешто што до некаде им одговара, тие го прифаќаат тоа и тешко им е да го пуштат. Такви се во љубовните односи, на работа, во пријателствата, па и во домот. Но, милион пати сме го поставиле ова прашање во нашите текстови: Кој ќе ве цени и сака ако не се цените и сакате самите?

Животните услови често ни наложуваат да прифатиме опции кои можеби некогаш не ни одговараат, но тоа не значи дека треба да мислиме дека го заслужуваме тоа.

Не им дозволувајте на другите да ве убедат во тоа.

Добрите луѓе со меки срца го прифаќаат минимумот во љубовните односи бидејќи веруваат во добрината на луѓето, во тоа дека луѓето се менуваат и дека секој заслужува прошка. Тоа веројатно е така. Но, тоа не значи дека кога ќе простите, треба да продолжите со таа личност која можеби ве повредила. Простувањето не значи давање уште една и уште една шанса. 

Така е и во семејствата. Не можеме да ги бираме своите најблиски, но ако некој се однесува лошо кон нас, не значи дека тоа едноставно е нашата судбина. Мораме да најдеме сила да се избориме за она што го заслужуваме или да си заминеме од таквата ситуација.

Воспитани сме да бидеме добри, да не бараме премногу, да го прифатиме тоа што ни се дава, но живееме во свет кој е алчен и во кој често не се ценат добрите вредности. Ако ги имаме во себе, тоа не значи дека треба да им дозволуваме на другите да го уништат тоа во нас. Не значи дека мораме да се носиме со нивното однесување, фактот дека нè навредуваат и повредуваат и да мислиме дека некогаш можеби ќе биде подобро.

Не го прифаќајте минимумот и лошиот третман, бидејќи секогаш заслужувате подобро. Животот е краток, а  секој од нас заслужува да живее мирно и спокојно, не бараме ништо повеќе од тоа.