Не го давајте најдоброто од себе на луѓе кои не го ценат тоа

Подобра си од тоа постојано да се враќаш на врската која ти значи толку многу, а во која нема разбирање и љубов. Подобра си од тоа постојано да простуваш нешто што не треба да се прости.

Твоето срце треба да биде ценето и сакано, а не искористувано во таква токсична врска. Не ги заборавај солзите кои тој ги предизвикува и не се враќај во нешто што нема никаква вредност. Немој да мислиш дека грешката е во тебе, бидејќи не е . Ти даваш се од себе за да направиш работите да успеат, но едноставно не оди.

Не го давај најдоброто од себе на личност која не сака да го цени тоа. Ако си занимеш, ти нема да изгубиш нешто, но тој ќе изгуби многу. Ќе ја изгуби твојата љубов, но и твојата грижа, твоето разбирање и спокојот кој го носиш.

Не се враќај назад, туку погледни напред кон сите добри опции кои стојат пред тебе. Не се оптеретувај со личност која не сака да те задржи покрај себе. Оди си и не погледнувај назад. Најди ја својата вредност повторно, онаа која ја изгуби секогаш кога одлучуваше да му се вратиш. Подобри нешта доаѓаат пред тебе. Тие чекаат на тебе.

Не се сожалувај на неговите зборови. Тие се измислени и лажни. Не паѓај на неговите извинувања. Тие не вредат ништо кога се повторуваат по 100ти пат. Не преземај одговорност за неговите постапки, не го прави тоа.

Некој што вистински те сака никогаш не би го дозволил ова. Не би дозволил да си одиш и да се враќаш, да те мачи, да те прави да се чувствуваш виновна што и да направиш.

Подобра си од тоа. Не се менувај за него. Смени се за себеси.