Не ги слушајте оние кои ви велат дека не можете да успеете

„Слушам дека е тешко да се започне со сопствен бизнис.“, „Тешко е да се пронајде работа која ви одговара.“, „Тешко е да се успее во кариерата и да се напредува.“, „Тешко е да се добие соодветна плата. Многу се борат и едвај преживуваат.“, „Многу заминуваат во странство. Ова се тешки времиња.“, „Политичарите не се грижат за „малите“ луѓе.“, „Општеството е опасно.“, „Луѓето се непредвидливи“...

Ова се реченици кои секојдневно ги слушаме во разговорите со другите. Ова е тема на разговор на кафе, на состаноците и во голем број семејства. Кога е сѐ така кажано, се чини дека сме безпомошни од сите овие закани кои нѐ опкружуваат. Секој ден можеме да добиеме една потврда за своите размислувања. Често слушаме дека некој добил отказ или залудно отишол на разговор за работа. Слушаме дека бизнисите пропаѓаат, дека луѓето се борат и слабо заработуваат. Веруваме дека на многумина им е тешко па очекуваме дека и ние нема да бидеме со подобра среќа.

Често ни кажувале да не гаиме илузии дека нашата среќа ќе биде нешто подобра или искуството поинакво. Можеби ви кажале дека не постои поголем успех од оној кој го постигнале вашите родители. Можеби и професорите кои се ограничени со своите програми, ви рекле дека нема да имате шанси на пазарот на трудот. Можеби браќата или сестрите ви рекле дека сте глупави и дека не ви се сите овци на број. Можеби ви рекле дека не сте доволно привлечни за да ја имате љубовта на својот живот. Можеби ви рекле дека со „такво и такво“ однесување не можете да го најдете своето место во општеството.

Многумина биле гласни и ги наведувале и другите, оправдувајќи го така своето незадоволство или лошата позиција. Други пак, бранејќи ја својата позиција од другите, често пати им велат дека не можат да се искачат толку високо, или пак самите биле толку изгубени па не можеле да поднесат некој околу нив да ја бара сопствената среќа. Тешко е да се биде несреќен и ништо да не се презема и тогаш да се види некој кој се осудил да помисли дека постои друга вистина.

Размислете кој ви рекол дека не постои подобро утре, дека нема нови можности и дека нема доволно ресурси за сѐ? Кога пред себе ќе почнете да ги ставате ограничувањата, сетете се кој ви објаснил дека постојат и кој ви ги опишал. Кога сте ги слушнале прв пат? Како ви опишувале дека изгледа животот? Клучното прашање кое треба да си го поставите е – дали тие луѓе биле среќни? Ако не биле, зошто би ги слушале нивните совети?

Само реализираните луѓе, остварените луѓе можат да ви кажат колку е едноставен или колку е тежок патот поминат од незадоволство до задоволство. Оној кој не бил ниту во едната ниту во другата ситуација не знае како изгледа самиот пат до успехот. Нема смисла да ги слушате оние кои и самите се изгубиле и се обидуваат да се пронајдат учејќи ги дтугите..