Не ги пуштајте добрите луѓе да си заминат од вашиот живот

Чекајте онолку колку што е потребно, но ако во вашиот живот се појави добра и љубезна личност, не ја пуштајте да си замине.

Не можеме никого да задржиме по секоја цена, не можеме никого да натераме на ништо, но ако во нашиот живот имаме добра личност, не треба да ја сфаќаме „ здраво за готово”. Овие луѓе се ретки, но тие се светлината во нашиот живот.

Тие нè ценат, почитуваат и сакаат на посебен начин. Тие не бројат колку направиле за нас, не очекуваат контра-услуги и не мерат кој што направил. 

Тие се луѓето со кои можеме да имаме добар разговор, секаде и секогаш. Некој кој нè инспирира да бидеме подобра личност. Тие се трпеливи и учат да нè разберат, со тек на време. Не брзаат никаде. Тие се постојани во својата грижа и не исчезнуваат или пак доаѓаат кога им требаме.

Тие сакаат да се дел од нашиот живот и ние да бидеме дел од нивниот и со нив нема големи филозофии. Едноставно е!

Добрите и љубезни луѓе се отворени и искрени, тие не играат игри. Тие се посветени и лојални. Тие не се совршени, но се реални. 

Чувајте ги овие луѓе блиску до себе.