Не ги одбирајте луѓето кои се тука само кога сѐ е лесно

Сите мислиме дека имаме одличен вкус. Наоѓаме лик на чии шеги се смееме и кој ни ги разубавува деновите и баш ни е убаво. Се чувствуваме како конечно да ни е навистина супер и дека тој е човекот со кој би сакале да бидеме.

Но, одеднаш тој ни доаѓа со реченицата : Не сум подготвен за врска.

Потоа, слушаме милион оправдувања: работа, зафатен е, бившата го изневерила и повреден е, не може да ни го даде тоа што го заслужуваме. Милион причини зошто тој не може да биде со нас.

Им даваме шанса иако секогаш постои некое мало предупредување дека ќе не повредат. Тие впрочем се мајстори за измешани сигнали и тоа е играта која одлучуваме да ја играме. Го прифаќаме тоа често. Мислиме дека таквите измешани сигнали често значат дека им треба време да се одлучат дали сакаат да бидат со нас и им ја даваме таа шанса.

Но, многу често грешиме. Тие можат да зборуваат и зборуваат, да прават мали гестови од кои „ќе паднеме во несвест“, но емоционално недостапните мажи не сакаат постојаност и не можат да ги исполнат своите ветувања. Ќе бидат тука за нас кога сме во добро расположение, но одеднаш ќе ги снема кога имаме лош ден. Ќе бидат тука само кога е лесно, кога не се потребни емоции.

Ќе се однесуваат како да сме љубовта на нивниот живот, а потоа во само еден момент ќе се претворат во странци. Тие ја држат својата дистанца во однос на емоциите, но многу често гледаме на нив со розови очила и не го забележуваме тоа. Тие се внимателни за приказните кои ни ги кажуваат, тие ќе ја научат нашата ранливост и ќе ни дадат лажна надеж.

Тие имаат изговори за сите нешта. Ќе ги слушаме и прифаќаме постојано. Ќе им веруваме во тоа. Ќе бидат тука кога им одговара.Но, не ви треба таква личност. Никому не му е потребно таквото измачување.