Не ги брзајте работите, сѐ ќе се случи кога ќе дојде времето за тоа...

Актерот Морган Фримен еднаш рекол: „Ако доживеев толку голем успех порано, најверојатно ќе изгорев во целиот тој процес.“

Сѐ во животот си има свое време. Веројатно целиот проблем е во тоа што ние не можеме да го прифатиме тоа и да бидеме доволно трпеливи, затоа што времето во нашиот ум, не може секогаш да се прилагоди на времето во реалноста. Кога човек би водел сметка за процесите кои бараат време за да се случат, веројатно не би се откажувал толку брзо од своите соништа, затоа што би знаел дека сите препреки имаат подлабока смисла. 

Колку од нас би сакале да ги завршиме студиите побрзо, да имаме добро воспитани деца, успех на работа, квалитетни односи со другите луѓе, но реалноста која е полна со конфликти, порази, промашувања, често нѐ остава без здив. Обидувајќи се да дадеме сѐ од себе за да успееме што побрзо, сфаќаме дека не е секогаш до нашиот труд. 

Животот не може да се забрза. Станувањето човек не може да се забрза, стануваш целосно оформена личност кога ќе се подготвиш да ги дочекаш и да се соочиш со сите предизвици. Но, ние постојано бараме некакви препреки, помагала кои ќе ни ги остварат целите. Сакаме да имаме доверба без доволно да вложиме во врската. Сакаме здравје, иако правиме работи кои му наштетуваат на здравјето. Сакаме сила и моќ, иако не сме доволно посветени и дисциплинирани за да ги имаме. 

Па затоа, секоја промена која треба да се случи, прво треба да се случи во нашиот ум за да сфатиме дека иако можеме да се лажеме себеси, не можеме да го излажеме животот. Со животот владеат закони и правила, вредности и уверувања – и тоа е промена која бара од секој дел од нашето битие да се преобликува и да се замени со нови делови.

Не можете да станете нови луѓе доколку сте врзани за вашите стари и погрешни уверувања и ставови и се плашите од промени. 

Вашите соништа ќе почнат да живеат кога ќе престанете да ги форсирате работите, кога ќе го прифатите планот на животот, сфаќајќи дека светот сѐ уште ве учи и ви дава лекции кои треба да ги научите и за кои веројатно сѐ уште не сте доволно подготвени.