Не е случајно – тие се во нашиот живот со мисија

Постојат многу причини поради Универзумот нѐ поврзува со одредени луѓе – тоа е затоа што за нас има одреден план!

Иако делува како случајно, некои луѓе кои сме ги сретнале или влегле на кратко во нашиот живот - дошле во него со одредена мисија. Универзумот ги испратил за да ни пренесат одредена животна порака и преку нив да ни покаже дали сме на добар или на лош пат, со цел да ги преиспитаме своите одлуки, стравови, желби... Еве 6 космички причини поради кои Универзумот ве поврзува со одредени луѓе:

Нѐ будат одвнатре

Има периоди во животот кога наидуваме на луѓе кои нѐ поттикнуваат да се преиспитуваме и да се сомневаме во себе. Понекогаш, истите тие луѓе стануваат важен дел од нашиот живот, а понекогаш остануваат со нас многу кратко. Меѓутоа, во двата случаи ни помагаат да го пронајдеме делот од себе што ни недостасува.

Ни помагаат да продолжиме понатаму

Таквата личност во нашиот живот влегува во моментот кога се чувствуваме како да не сме живи, ниту присутни.. кога сите бродови ни потонале... Тој човек нема да дозволи да нѐ совлада тагата и ќе направи за нас наизглед мали работи кои многу ќе ни помогнат да продолжиме понатаму, без разлика на сѐ. Во моментите кога сме подготвени да се откажеме, тој човек ни помага да се собереме, да ја подигнеме главата и да застанеме на нозе. Обично само ќе претрча низ нашиот живот, за него многу малку ќе дознаеме, но ќе ни остане во сеќавање како добар самурјанин кој нѐ спасил кога било најпотребно.

Нѐ учат на лекции

Овде станува збор за оние луѓе од кои мораме нешто да научиме. Понекогаш нивните лекции може да бидат премногу груби. Тие влегуваат во нашите животи за да ни пренесат некое искуство, знаење, со цел да нѐ научат нешто да отпуштиме или да примиме и поинаку да пристапиме за да не ги направиме истите грешки.

Стануваат дел од нашиот живот

Тоа се луѓето кои засекогаш ќе останат со нас, не се плашат од ниедна животна препрека со која се соочуваме. Ова се нашите најмили, пријателите и семејството.

Нѐ потсетуваат на нешто

Овие луѓе, со самото нивно присуство, нѐ тераат да се сетиме на нешто на што никогаш не би се сетиле да не се тука. Меѓу останатото, сакаат да ни кажат дека не сме сами, дека светот околу нас е наш дом во кој секогаш ќе има место за нас и за оние кои ќе ни пружат рака кога ќе ни биде најпотребна.

Сакаат да научат нешто од нас

Некои луѓе се испратени во нашиот живот со малку поинаква цел – ние нешто да ги научиме нив, иако, не е исклучена можноста и ние да стекнеме некои знаења од нив.