Не е поднесена кривична пријава, можниот сторител е малолетник – ОЈО Струга за нападот во кој настрада момче од убод од нож

Основното јавно обвинителство Струга соопшти дека до овој момент нема поднесено кривична пријава за настанот во кој момче беше прободено со нож. 

Јавен обвинител е известен за случајот и во моментов, МВР постапува за документирање на настанот, обезбедување докази и вештачења.

ОЈО Струга појаснува дека лицето за кое постојат индиции дека е можен сторител е малолетно.

Доколку се обезбедат докази кои ќе дадат основано сомнение дека тој навистина го извршил делото постапката за него ќе се води од страна на судија за деца, а случајот ќе се процесуира согласно Законот за правда на децата.

„До Основното јавно обвинителство Струга до овој момент не е поднесена кривична пријава за настанот. Јавен обвинител е известен дека МВР постапува за документирање на настанот, обезбедување докази и вештачења. Лицето за кое постојат индиции дека е можен сторител е малолетно и доколку се обезбедат докази кои ќе дадат основано сомнение дека тој навистина го извршил делото, постапката за него ќе се води од страна на судија за деца и согласно Законот за правда на децата“, стои во соопштението од ОЈО Струга.