Не е одредена казната за загадувачот кој го пожолте Вардар

Комисијата за спогодување при Министерство за животна средина и просторно планирање, уште не одлучила за казните за хаваријата на челичарата од минатиот месец што го пожолте Вардар и доведе до помор на риби во реката, како и за хаваријата во маслодајна во Велес од 27.09, иако законот бара итност за вакви постапки.

- Во параспуров од држава, без високи казни и конечно понесување на одговорност, нема абер да се среди. Ќе ни владее корупција, криминал и мафија, а од држава ни Д нема да ни остане. Веќе сме таму, реагираат од здружението О2 Иницијатива од каде додаваат и дека политиката на Државниот инспекторат за животна средина која што се фали дека ги намалила казните е крајно неефективна.

За потсетување, пред околу 3 недели водата во течението на реката Вардар околу мостот во Долно Лисиче до Јурумлери пожолте за што подоцна беше утврдено дека загадувањето биле предизвикано од фабриката „Арцелор Митал“ која е преземена од Либерти Хаус Груп.