Не дозволувај староста да те прашува каде ти била младоста

Животот е еден.

Кога сме млади, често мислиме дека тие години ќе траат вечно, дека животот е долг.
Кога сме млади, мислиме дека има време за сѐ, па непотребно го трошиме времето на глупости или на неправење ништо, затоа што мислиме дека може тоа и другпат. 

И одеднаш, сфаќаме дека младоста поминала, дека веќе сме во зрели години и одеднаш не ни останало ништо освен малку време и многу каења.

Посакуваме да го вратиме времето назад, посакуваме да ги направевме работите барем малку поинаку. 

И тогаш не ни останува ништо освен да се прекоруваме себеси и да им се восхитуваме и да им завидуваме на младите кои го имаат сето време на светот, но истовремено да ги жалиме затоа што знаеме дека не се свесни колку брзо ќе летне тоа време.

Затоа, живејте го животот со полни гради и не дозволувајте на стари години да се прашувате каде ви била младоста, туку потрудете се да имате толку многу убави спомени што нема ни да имате време да размислувате за што било друго!