Не чекајте да поминат години за сфатите дека животот е прекраток за да ги трпите овие работи

Немојте само да се помирувате со животот. Секој ден пред вас се појавуваат избори. Бидете храбри и ризкувајте ако навистина верувате во нешто. Време е повторно да го земете животот во вашите раце. Животот е едноставно прекраток за да ги толерирате овие работи.

Луѓе кои ве омаловажуваат. Односите со луѓето треба да ве прават среќни, а не да ве повредуваат. Минувајте време со луѓе кои се паметни и кои ве поттикнуваат да бидете среќни.

Работна атмосфера или кариера која ја мразите. Немојте да се помирувате со ова. Бидете упорни и на крај ќе најдете работа која навистина ќе ја сакате.

Сопствената негативност. Бидете свесни за своите мисли. Ние често зборуваме сами со себе во нашата глава и тоа што го збориме има големо влијание на нас. Кога ќе почувствувате како негативните мисли доминираат, веднаш почнете да ги заменувате со позитивни.

Непотребни недоразбирања. Кажете го она што го мислите. Мислете го она што го кажувате. Зборувајте јасно. Поставувајте прашања. Разјаснувајте ги работите сѐ додека не ги разберете.

Неорганизиран животен и работен простор. Расчистете го нередот. Ослободете се од работите кои не ги користите. Практично организирајте го просторот во кој живеете и работите. 

Своето доцнење. Не мора секогаш да трчате за да стигнете некаде. Со добра организација ќе имате повеќе време за сѐ, а помалку стрес. 

Притисок да се вклопите во околината. Бидете она што сте, единствената личност која можете да бидете.

Нездраво тело. Вашето здравје е ваш живот. Не се откажувајте од него. Јадете правилно, вежбајте и грижете се за вашето ментално здравје. 

Страв од промени. Животот е полн со промени. Секој ден е поинаков. Секој ден има нов почеток и крај. Прифатете го тоа и извлечете го најдоброто. 

Само работа, без забава. Уживајте и забавувајте се секогаш кога можете. Ако се смеете, значи правите нешто правилно.

Недоволно сон. Уморниот ум не може да биде продуктивен. 

Несигурен дом. Ако дома не се чувствувате сигурно, никогаш никаде нема да се чувствувате сигурно. Создадете дом кој ќе се заснова на љубов и сигурност и кој со гордост ќе го нарекувате ваш дом.

Пасивност. Или ќе почнете да правите нешто и да создавате можности за себе или нема да мрднете од место. Никој друг не може да го прави ова за вас.