Не беше лесно, но вредеше...

Некогаш некаде прочитав: „Нема да пропуштам нешто прекрасно само затоа што е тешко.“ И остана таа реченица со мене.

Никогаш не очекував да бидам во врска во која моите грижи би биле поголеми од тоа што треба да облечам за нашиот состанок. Човек не бира во кого ќе се заљуби. Но, се случува понекогаш човекот кој најмалку го очекуваш да се појави во најнеочекуваното време. И се заљубуваме. Не можеме да си помогнеме. Верувам дека универзумот навиваше за нас таа вечер кога се сретнавме. Мислам дека ја виде болката во нашите срца и знаевме дека се заслужуваме. Верувам дека се се случува со причина. Ништо не е случајно.

Не е дека тој не беше лесен за сакање. Ситуацијата беше тешка. Има одредена стигна околу заљубувањето во комплицирани луѓе. Без оглед на тоа дали се разведени со деца, имаат зависност, биле малтретирани или имаат ментална болест. Но, не бираш во кого ќе се заљубиш, едноставно се заљубуваш.

Тој секогаш ми велеше дека не може да го врати времето. Велеше дека не ми е потребно ова и дека тој не е доволно добар за мене. Јас не го послушав. Можеби не го послушав затоа што бев премногу тврдоглава, но верувам дека е поради тоа што знаев, знаев дека тој е вистинскиот. Моето срце не можеше да се откаже од него.

Го знаев две недели и се беше некако чудно. Чудно е да знаеш некого две недели и да знаеш дека тоа е тоа. Хемијата беше како на филм. Една вечер кога седевме во неговиот автомобил тој ми вети дека еден ден ќе ме побара за жена. Јас му ветив дека ќе му го подарам светот.

После сето ова време и целата љубов која ја споделивме, нашата љубов е се поголема. Секој ден го гледам и си велам дека можев да го одбијам. Тоа ми го крши срцето затоа што тоа значи дека немаше да постојат спомените, насмевките и солзите само затоа што мислев дека ќе биде претешко. Не е лесно да се сака нечие минато, но лесно е да се сака она што ќе произлезе од него.

Имаше солзи и осамени ноќи кога мислев дека нема да можам да издржам, но сепак сега знам дека човек не се откажува од нешто само затоа што е тешко.

Верувам дека нашата љубов е љубов која инспирира. Нам не ни е потребна фенси вечера или скапи одмори за да си ја докажеме љубовта. Нам доволни ни се две лименки пиво, музика и да бидеме заедно и тоа ни е доволно за да ја одржуваме нашата љубов. Знаеме да си се налутиме и да се караме, но не постои ништо што може да не раздели, затоа што нашата љубов е поголема од која било омраза. Тоа е љубовта. Вистинската љубов секогаш победува и никогаш не престанува да победува.