Не барам да ми кажеш колку сум убава

Не барам од тебе да ме бакнеш,
ниту да ми се извинуваш кога ќе помислам дека не си во право.
Нема да те замолам ниту да ме прегрнеш кога
тоа ми е најпотребно,
ниту да ме однесеш на вечера кога ни е годишница.
Нема да барам да патуваме околу светот,
да живееме нови искуства, уште помалку
ќе те молам да ми ја подадеш раката кога ќе бидеме во тој град.
Не барам да ми кажеш колку сум убава,
дури и ако тоа е лага,
ниту да ми напишеш нешто убаво.
Нема да те замолам да ми се јавиш за да ми кажеш како ти поминал денот,
ниту да ми кажеш дека ти недостасувам.
Нема да барам од тебе да ми се заблагодариш за она што го правам за тебе,
и секако дека нема да барам да ме поддржиш во моите одлуки.
Нема да барам да ме слушаш кога имам илјада приказни за раскажување.
Нема да барам да направиш нешто, дури ни да бидеш засекогаш со мене. 

Затоа што ако морам да те замолам, не те сакам повеќе!

Фрида Кало