Не барајте длабочини онаму каде што има површност...

Не барајте длабочини во пплиткоста. Затоа што никогаш нема да ги пронајдете. Не се објаснувајте  онаму каде што не ве разбираат. Затоа што ќе се исцрпите, а ништо нема да постигнете. Не копајте подлабоко, ако не гледаат подалеку од површината. Или не сакаат да видат. Едноставно оставете го сето тоа. Затоа што некои работи мораат да останат такви какви што се. Површноста е една од нив. Затоа што таму нема длабочина. Едноставно прифатете го тоа. Подобро е така. 

И нека не ве боли. Нека не ве врзува тоа што некогаш сте се разбирале. Бидете горди на себеси што сте тргнале од толку многу работи. Бидете горди на својот развој, перцепција, своето поимање на реалноста. А останатото пуштете го да биде онакво какво што е. Затоа што секој има свој пат. И не значи дека патиштата повторно ќе ви се испреплетат. 

Продолжете понатаму. И посакајте им среќа. Тоа е најдоброто што можете да го направите. И тие можеби никогаш нема да ве разберат. Но, не е важно. Затоа што знаете дека тоа е неважно за вашата среќа. И ќе го прифатите тоа. И со времето сосема ќе се ослободите. 

Затоа што на вашиот пат ве чекаат оние кои се слични на вас. Нови сопатници, со кои ќе почувствувате длабочини за кои не сте ни сонувале. Радости за кои сте мечтаеле. Љубов за која отсекогаш сте знаеле дека постои. А она неважното ќе остане некаде далеку зад вас... На површината.