Како да изградите внатрешен мир? Оваа мудра зен приказна може да ви помогне во тоа.
Ученикот го запрашал својот учител: „Учителу, која е тајната на животот?
Учителот го прашал: „Дали доручкуваше?“
„Да.“
„Дали ги изми чиниите?“
Колку и да ви изгледа нелогично ова прашање, поентата е следна:
Чиниите се нечисти?
Измијте ги.
Собата ви е неуредна?
Средете ја.
Изградете го својот внатрешен мир, чинија по чинија.
Не барајте длабока смисла и пораки во нешто што всушност е многу едноставно.
Направете го секој момент прекрасен, најдете начин да уживате во сѐ околу вас.
Животот минат во среќа и спокој вреди далеку повеќе од чекањето да се случи некаква среќна иднина.