НБ: Продолжуваат поволни поместувања во економијта и очекувања за солиден економски раст

Растот на домашната економија во првиот квартал од годинава е солиден, а податоците за периодот април и мај упатуваат на продолжување на поволните поместувања во економијата и очекувањата за солиден економски раст годинава.

Ова е посочено во најновиот Квартален извештај на Народната банка во кој се посочува дека монетарната поставеност е соодветна на постојните економски и финански услови.

Во април и мај годинава, како што стои во објавениот извештај, поволните поменувања во економијата се видливи преку забрзаниот раст на трговијата и продолжување на растот на индустријата.

Со најновите податоци инфлацијата е под проектираното ниво. Јунската годишна инфлација е 0,3 отсто, со што просечната годишна стапка на инфлација во вториот квартал на 2019 година изнесува 1,2 отсто.

Кај девизните резерви во второто тримесечје има раст во однос на крајот на првиот квартал, што се должи на интервенциите на девизниот пазар од страна на Народната банка со откуп на девизи. Според Народната банка анализата на показателите за адекватноста покажува дека тие и понатаму се во сигурната зона.

Податоците за менувачкиот пазар заклучно со јуни укажуваат на остварени нето-приливи од приватните трансфери на ниво на очекувањата за вториот кварт.

Во Извештајот сстои дека во Буџетот на Република Северна Македонија во првите пет месеци на 2019 година е остварен дефицит од 4.992 милиона денари, што во најголем дел е финансиран со задолжување на државата на домашниот финансиски пазар, а во мал дел и со користење на депозитите на државата кај Народната банка. Остварениот дефицит претставува 28,2 отсто од дефицитот предвиден со Буџетот за 2019 година.