Навивачката група „Балисти“ за денеска најави марш во чест на жртвите од пожарот во ковид центарот во Тетово.
Маршот, како што е најавено на социјалните мрежи, ќе биде мирен и ќе започне од плоштадот Илирија во 13.30 часот и ќе заврши пред болницата во Тетово.
Маршот требаше да се одржи вчера, но поради погребот на настраданите се одложи за денеска.
Во пожарот во кој изгоре ковид центарот загинаа 14 лица, а 12 го преживеаја ужасот.