Навивачката група „Балисти“ најавија марш во чест на загинатите во пожарот во Тетово

Навивачката група „Балисти“ за денеска најави марш во чест на жртвите од пожарот во ковид центарот  во Тетово.

Маршот, како што е најавено на социјалните мрежи,  ќе биде мирен и ќе започне од плоштадот Илирија во 13.30 часот и ќе заврши пред болницата во Тетово.

Маршот требаше да се одржи вчера, но поради погребот на настраданите се одложи за денеска.

Во пожарот во кој изгоре ковид центарот загинаа 14 лица, а 12 го преживеаја ужасот.