Наутро кочан ладно, преку ден пролет

Наутро ќе биде ведро и студено, додека преку ден времето ќе биде сончево и потопло прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -6 степени во Маврово, додека максималната температура ќе достигне до 16-от степен.

Во Скопје денот ќе биде сончев со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе биде -2, а дневната до 15 степени.

Според најавите од утре се очекува продот на  потопла воздушна маса од југ, и до крајот на неделата ќе има голем пораст на температурите и тие ќе бидат значително натпросечни за овој период од годината.