Наумовски:Финишираме со асфалтирање на 20-те улици во Кисела Јабука

- До крајот на неделава соодветен пристап до домовите ќе им овозможиме на жителите од улиците 30, 32, 36 и 38. Механизацијата на ЈП ,,Македонија пат“ останува на терен по што ќе следи подготовка за асфалтирање на уште 3 улици во Кисела Јабука. До крајот на градежната сезона очекувам да се асфалтираат и предвидените 13 во Волково. Остануваме посветени, заедно со централната власт работиме на подобрување на условите за живот. Сите граѓани ни се на приоритетната листа -  информираше градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски.

Проектот за реконструкција и рехабилитација на Министерството за транспорт и врски преку ЈП ,,Македонија пат” опфаќа 33 улици кои треба инфраструктурно да се комплетираат.