Наумовски, кој молзеше крави во кампања, со нов гаф: Еве како го пречека новоизбраниот градоначалник на Ѓорче

Исчкртани ѕидови затече новиот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, во кабинетот кој го презеде од досегашниот градоначалникот Александар Наумоски од СДСМ, пренесува порталот Скопје1

На ѕидот зад градоначалничкото столче, со пенкала и моливи е испишано „Клинички центар во Ѓорче“. На местото, имало и фотографија која е отстранета, за да може да се пишува на местото, пишува порталот Скопје1. 

Александар Наумоски при предавањето рекол дека тоа е негов ракопис, откако Стојкоски изреагирал што е со чкртаниците на ѕидот. Неофицијално, според информации на „Скопје1“ од вработените, тој бил испишан во текот на оваа недела, откако Наумоски ги изгуби изборите. 

Ова е првпат да се затече ваков чин во градоначалнички кабинет, кој наместо во уредна состојба, истиот се предава со чкртаници. Новиот градоначалник на Ѓорче, Стојкоски, во наредните денови ќе провери каква е состојбата со општината, по што ќе ја извести јавноста. 

Инаку Наумовски, кој на изборите претендираше на уште еден мандат, во предизборната кампања го привлече вниманието на јавноста со тоа што за време на посетата на Ново Село самиот измолзе крава, па се напи од свежото млеко.