Наум Петревски со јубилејни концерти во Битола, Охрид и Скопје

”Има ли песна”, “Жал за Деспина”, “Оди Ѕвездо” ... се само дел од бројните легендарни хитови на нашиот познат пејач Наум Петревски кој за летово најави неколку големи јубилејни концерти. 

Во месец август ќе биде промовирано новото издание ” Најдоброто од Наум “ кое ќе содржи дел од неговите најпознати хитови, со концертна промоција во Битола на 4 август, Охрид на  11 август и во Скопје.

За Наум многу не треба да се зборува, познат и признат на балканските простори, обожаван од сите љубители на добрата народна песна. Како круна на неговата успешна 35 - годишна кариера на македонската и балканска естрада се случува и оваа јубилејна турнеја.

Музичкото културното наследство кое ни го оставија доајените на македонската народна песна, Никола Бадев и Александар Сариевски е бесценето, а нивната антологиска трага гордо и достоинствено продолжува со живата легенда и еден од најквалитетните пејачи на Балканот, Наум Петрески, велат организаторите.