Науката вели дека лајковите на Фејсбук нема да направат да се чувствувате подобро

Го знаете тој момент кога се сликате и сликата е толку добра што едвај чекате да ја ставите како профилна слика на Фејсбук за сите да ја гледаат и да ставаат лајкови?

Дури и ако се согласиме сите дека навистина личите на Анџелина Џоли или Бред Пит, сепак според науката, исчекувањето на лајковите прави повеќе штета отколку корист.

Во едно неодамнешно истражување, 340 волонтери пополнувале прашалници кои имале цел да го проценат карактерот на личноста. Тие исто така биле замолени да кажат дали се согласуваат или не се со изјави како: „вниманието што го добивам од социјалните мрежи прави да се чувствувам добро“ и „мислам дека некој е популарен врз основа на лајковите што ги добива“.

Истражувачите потоа ги анализирале резултатите за да ја определат врската помеѓу одредени карактерни црти со однесувањето на социјалните мрежи.

Резултатите навистина биле изненадувачки. Според соопштението, луѓето кои прават се за да добијат лајкови (со замолување или плаќање) имаат проблем со ниска самодоверба и проблем со довербата. Дали некогаш сте избришале некоја објава или слика затоа што не добила многу лајкови? Извинете, но истото важи и за вас.

Но, финтата е во тоа што тие дополнителни лајкови не ја подобруваат ситуацијата. „Резултатите покажале дека добивањето лајкови всушност не правеле луѓето да се чувствуваат подобро, ниту пак им го кревале расположението кога се чувствувале лошо.“

Ова било мало истражувањето, но доктор Граф вели дека „резултатите укажуваат на тоа дека начините на кои комуницираме преку социјалните мрежи може да влијае на тоа како се чувствуваме и не секогаш на добар начин.“

Колку и да ве мами желбата да ги следите лајковит на вашето најново селфи, обидете се да се јавите на пријател и да излезете на пијачка. Ако се чувствувате лошо, обидете се со цртање, слушање музика или прошетајте се во природа или дури можете и околу вашата зграда. Добивањето лајкови можеби изгледа како патот до среќата, но како што покажуваат истражувањата, тоа е само слепа улица.