Науката тврди дека овие работи се клучни за среќа

Сите сакаат да бидат среќни. Ова е главната причина поради која науката за среќата стекнала толку голема популарност во последните години – истражувачите почнале да пишуваат извештаи и истражувања за среќата насекаде низ светот, а позитивната психологија која е фокусирана на работите кои ги прават луѓето успешни станува сѐ популарна.

Во овој момент знаеме многу за одредени однесувања, ставови и одлуки кои се поврзани со среќата, иако истражувањата на таа тема можат да пронајдат само корелации.

Истражувачите веруваат дека околу 40% од нашата среќа е во наши раце, остатокот е одреден од генетиката и надворешните фактори. Ова значи дека има многу работи кои можеме да ги направиме за да ја контролираме сопствената среќа.

Во продолжение прочитајте за 9 облици на однесување за кои науката тврди дека ја поттикнуваат среќата.

Врските се клучни

Едно големо истражување кое следело неколку стотина мажи во период подолг од 70 години, покажало дека најсреќни и најздрави се оние кои негувале силни врски со луѓето на кои им верувале и така создале одличен систем за поддршка.

Времето е поважно од парите

Бројните истражувања покажуваат дека среќните луѓе претпочитаат да имаат повеќе слободно време во животот. Дури и самиот пристап кон животот кој  подразбира да имаш слободно време, прави луѓето да бидат позадоволни.

Секако, помага доколку имате доволно пари за да ги платите сметките

Благосостојбата на луѓето и чувството на сигурност се зголемува со зголемувањето на приходите и ве прави поопуштени бидејќи не се грижите како да го преживеете месецот.

Вреди да застанете и да ги помирисате розите

Луѓето кои обрнуваат внимание на добрите работи во животот секогаш се позадоволни од другите.

Добрите дела го подобруваат расположението

Префрлете ги пријателите до автобуска станица или аеродром, волонтирајте некаде. Има истражувања кои покажуваат дека луѓето кои прават добри дела генерално се посреќни.

Засукајте ги ракавите

Зголемена физичка активност е поврзана со повисоко ниво на среќа. Докажано е и дека вежбањето влијае на намалување на симптомите на некои ментални болести.

Забавата е повредна од материјални работи

Луѓето имаат тенденција да бидат посреќни доколку парите ги трошат на искуства, а не на материјални работи. Научниците потврдиле дека купувањето предмети како книги ве прават посреќни од купување маичка.

Помага и тоа да бидете присутни во моментот

Неколку истражувања покажале дека луѓето кои живеат во моментот се посреќни и се чувствуваат подобро.

Времето поминато со пријатели секогаш е квалитетно проведено

Интеракцијата со пријатели и познаници може да ви помогне да се чувствувате посреќни. Блиските пријателства особено со други среќни луѓе имаат силно влијание врз зголемување на нивото на среќа.