Науката потврдува: Дванесет минути поминати со некој близок се доволни за среќа

Кратката прошетка со некој близок изгледа како нешто премногу едноставно за да има вистински ефект.

Photo by real_ jansen on Unsplash

Како мал гест што не може да направи разлика во ден исполнет со грижи, замор и преоптовареност. Но науката и искуството се согласуваат во едно: токму овие мали, човечки моменти имаат најсилно влијание врз нашата внатрешна рамнотежа. Ова не што решава никаков проблем, но му  дава сигнал на телото дека не сме сами.

Истражувањата покажуваат дека дури и 10 до 15 минути лесно движење во друштво значително го намалуваат нивото на кортизол, хормонот на стресот. Кога одиме и зборуваме со некој што ни е близок, се активира парасимпатичкиот нервен систем – делот од телото задолжен за смирување, варење, закрепнување. Телото излегува од режим на напнатост и влегува во состојба на безбедност. Ова не е психолошка утеха, туку биолошки процес.

Поврзаноста е клучниот елемент од ваквото искуство.  Тоа е така бидејќи  нашиот нервен систем е длабоко социјален. Тој се регулира преку контакт, глас, ритам и заедничко движење. Затоа разговор во движење често делува поослободувачки од разговор лице в лице, во затворен простор. Телото се движи напред, дише подлабо

ко, а мислите полесно се расплетуваат. Не мора да се зборува за ништо важно. Доволно е присуството, ништо повеќе од тоа. 

Во време кога сме навикнати да бараме брзи решенија за стресот, како апликации, техники, совети, често ја потценуваме моќта на едноставната човечка блискост. Но токму таа блискост е она што најмногу недостига. Кратка прошетка со пријател не е само физичка активност. Таа е потсетник дека телото може да се смири без да биде само, дека животот не мора секогаш да се носи индивидуално. Ова е особено важно за оние што живеат во постојан внатрешен притисок, со чувство дека мораат сами да се снаоѓаат. Малите заеднички ритуали, како кратка прошетка, создаваат стабилност таму каде што зборовите често не се доволни. Тие му кажуваат на телото: сега е безбедно, сега можеш да го спуштиш гардот.

Photo by Zhen Yao on Unsplash

Понекогаш не ни треба голема промена, ниту долг разговор, ниту одмор што го одложуваме со месеци. Понекогаш се доволни дванаесет минути. Мал чекор, заедно со некого. Токму во таа едноставност, нервниот систем се присетува како изгледа мирот.