Наука за среќата: Научете како да бидете среќни!

Познатото американско списание „Тајм“ објави еден специјален извештај кој се вика „Наука за среќата“. Целта на истражувањето било да се утврди што ги прави луѓето среќни. Интересното откритие покажало дека во просек посреќни се оние луѓе кои ги забележуваат убавите работи во животот. Уште подобра работа е тоа што големината на тие работи, без разлика дали се работи за прекрасниот момент кога ќе станеме родители или нешто од типот на пеперутка која стои на некој цвет, воопшто не игра никаква улога. Со други зборови, се додека имаме способност да ги забележуваме тие убави работи, имаме можност и да бидеме среќни.

Набројте ги сите благодети во вашиот живот

Најдобар начин да го направиме ова е да направиме дневник во кој ќе ги запишуваме работите за кои сме благодарни. Во него може да пишуваме по 5 работи за кои сме благодарни во моментот, без оглед на тоа дали се работи за собирање на поштенски марки или првиот училишен ден на нашето дете. Пишувањето во дневникот треба да се прави еднаш неделно и да се прави што поразновиден со тоа што во него ќе запишуваме различни работи за кои сме благодарни.

Практикувајте добри дела

Ова можат да бидат планирани, систематски или потполно случајни и спонтани работи. Кога се однесуваме добро кон другите, без разлика дали ни се блиски или непознати, во нас започнува вистинска лавина од позитивни ефекти. Ќе добиете впечаток дека сте великодушна и способна личност која е подобро поврзана со околината, ќе измамувате насмевки на лицата на другите и на крајот од денот, добрината се враќа, а тоа е еден од главните иницијатори на среќата.

Уживајте во радоста која ја нуди животот

Посветете се на моментот во којшто се наоѓате, фокусирајте се на топлиот ветер кој ви го милува лицето, на сонцето, на звукот на реката која надоаѓа, на насмевката на пријателите, нежноста на партнерот, прекрасниот поглед од планината на која се наоѓате… Психолозите велат дека треба да се запаметуваат убавите моменти во животот и да се присеќаваме на нив кога ни е потребна позитивна енергија во животот.

Заблагодарете му се на вашиот ментор/духовен учител

Доколку постои некоја личност која ви помогнала да надминете некои лоши периоди во вашиот живот, потрудете се да му изразите благодарност за тоа. Направете го тоа со што повеќе детали и ако е возможно направете го тоа очи во очи. Подобро ќе се чувствувате и вие, но и другата страна.

Научете да простувате

Не е едноставно, но доколку најдете сила да се ослободите од бесот и горчината, ќе се чувствувате многу подобро. Простете и продолжете понатаму. Неспособноста за простување е поврзана со постојаното чувство на бес кој не блокира и не ни дозволува да продолжиме без товар понатаму во животот.

Вложете време и енергија во пријателите и семејството

Ова посебно доаѓа до израз во време на криза, затоа што во рамката на блиските луѓе ние наоѓаме сигурност, удобност и опуштеност. Работите како пари, кариера, врски, па дури и здравје имаат маргинално значење во споредба со силните и здравите односи кои ги градиме со пријателите и семејството.

Грижете се за вашето тело

Доколку спиете доволно, вежбате редовно, се размрдувате, се смеете и се радувате на ситници, расположението веднаш ќе ви се поправи. Доколку секојдневно се грижите за себе, ќе бидете целосно задоволни со вашиот живот.

Смислете стратегија за борба против стресот и проблемите

Во животот не постои начин како да се избегнат тешките моменти. Се покажало дека религиските и секуларните учења кои се спакувани во филозофии од типот: „Ова ќе пројде“ или „Она што нема да ме убие, ќе ме направи појјака личност“ се прилично ефикасни средства за минимизирање на стресот. Суштината е во тоа дека мораш да веруваш во нив.