Научно докажано: Добрината не се исплати!

Добрината е карактерна особина за која постојат поделени мислења. Некои луѓе велат дека секогаш треба да се ставате себеси на прво место, додека, пак други тврдат дека многу е важно да се размислува и за потребите на другите луѓе. Но, научниците дошле до неверојатно откритие поврзано со штетните последици од алтруизмот.

Во светот владее епидемија на осаменост, која според истражувачите е подеднакво штетна за здравјето како и пушењето. Иако постојат цврсти докази дека друштвените активности се исто толку важни колку и телесните активности, луѓето не вложуваат труд во одржувањето на добрите односи, додека, пак, постојано се обидуваат да вежбаат и да внимаваат на исхраната. Нормално дека како и сите други активности, така и одржувањето на контактите со луѓето си бара време, енергија, а понекогаш и пари. Но, кои се придобивките од добрината и дарежливоста?

Постојат одредени придобивки, барем што се однесува до експертите за еволуциска психологија кои ја развиле теоријата за натпреварувачки алтруизам. Според оваа теорија, поединците кои помагаат имаат повисок статус во друштвото, а со тоа имаат повеќе можности за избор на потенцијален партнер. Освен тоа, најновите истражувања покажуваат дека алтруистите се задоволни од нивниот живот и немаат проблеми со депресијата.

Меѓутоа, алтруизмот има и друга страна. Истражувањата покажуваат дека некои луѓе се премногу добри. Кај поединците кои секојдневно им помагаат на другите се забележуваат симптоми на стрес и влошена психичка состојба. Тука не станува збор само за луѓето кои работат во здравство, туку и за оние кои се грижат за членови од семејството. Одржувањето рамнотежа меѓу грижата за другите и за самите себеси и напорна работа. Иако сме свесни колку е важно да одвоиме време за себе, тоа не е толку лесно да се направи.

Сепак, добрината значи дека имате пријатна личност, не сте манипулативни, агресивни и одмаздољубиви. Ова и не е толку корисно според некои истражувања кои докажале дека лутината и потиснувањето на бесот ја влошуваат здравствената состојба. Најдобро е да ја одбегнувате лутината, а ако веќе се налутите, тогаш би требало тоа и да го покажете. Не мора секогаш вие да ја смирувате ситуацијата.