Научниците велат дека оваа песна го намалува стресот и анксиозноста за 65%

Неоспорен факт е дека живееме во стресно време и стресот стана наш секојдневен придружник. Секој од нас се обидува да најде различни техники кои ќе ни помогнат да се справиме со стресот.

Ослободување од стресот не е важно само за да се чувствуваме помирно, но ослободувањето од стресот е многу важно и за нашето здравје.

Благодарение на науката, денес ги знаеме сите штетни ефекти од стресот. Стресот предизвикува срцеви заболувања, прекумерна тежина, депресија, проблеми со желудникот, астма, итн.

Кој е најдобриот начин да се ослободиме од дел од притискокот? Доктор Дејвид Луис-Хоџсон вели дека треба да слушаме музика, особено потенцирајќи една песна.

Тим од невронаучници, предводени од доктор Луис-Хоџсон, спровеле истражување за звучна терапија. Учесниците требале да се обидат да склопуваат сложувалки за да се поттикне стресот и тие на себе имале сензори прикачени на нивното тело. Потоа имале задача да слушаат различни песни додека истражувачите ги мереле срцебиењето, дишењето и крвниот притисок.

Тие откриле дека песната „Weightless“ од Маркони Јунијон го намалува нивото на стрес и анксиозност за цели 65% и предизвикале чувство на опуштеност многу повеќе од која било друга песна.

Оваа песна била толку ефективна што многу од испитаните жени се чувствувале поспано и доктор Луис-Хоџсон препорачува да не ја слушате песнава додека возите.

Она што е интересно е што оваа песна е создадена баш за да го намалува стресот. Луѓето кои ја создалале песнава работеле заедно со терапевти за да создадат хармонија и ритам и тоа баш со една намера – да го забават срцебиењето на слушателот, да го намалат крвниот притисок и да го намалат нивото на кортизолот, хормонот на стресот.

Ако имате напорен ден, пуштете си ја оваа песна и уживајте: