Научна трибина „Финансирањето на високото образование“

Состојби и тенденции во финасирањето на високото образование (од аспект на наука, образование, научно истражувачка дејност, извори за финансирање и сл), платите на вработените во високообразовните институции и перспективи за унапредување на финансирањето на високото образование, се темите кои ќе се разгледаат и дебатираат на научната трибина „Финансирањето на високото образование“, организирана од Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Врз основа на согледувањата, констатираните состојби, проблеми и потреби ќе се оформат заклучоци кои ќе бидат доставени до надлежните органи во државата што имаат ингеренции во финансирањето на високото образование.