Научете да се почитувате себеси

Научете да се почитувате себеси такашто нема да го занемарувате фактот како луѓето се однесуваат кон вас. Доколку ве почитуваат и ценат ќе знаете дека тоа се луѓе кои треба да останат во вашиот живот, но доколку не го прават тоа, тоа е знак дека морате да ја смените својата екипа и да побарате некои подобри искуства во близината на други луѓе. 

Научете да се почитувате себеси такашто нема да им давате оправдувања на оние кои имаат лош ден, па поради тоа мораат да го уништат и вашиот. Слабаци се оние кои не им дозволуваат на другите да им биде добро кога на нив им е лошо. Научете да се почитувате себеси па така нема да се плашите да бидете поинакви од другите. Кој ви рекол дека морате да бидете исти? Како тоа ќе донесе дополнителна вредност во вашиот живот? Единствено нешто што е сигурно е дека тоа е пат кон внатрешно чувство на незадоволство. 

Научете да се почитувате себеси такашто ќе почнете повеќе да размислувате за смислата на вашиот живот, да сфатите дека не сте само случаен минувач, запрашајте се што е она што само вие можете да го направите, кој оган толку силно гори во вашето срце, да размислувате за вашите цели и да сфатите дека само вие можете да се одведете кон исполнување на тие цели. Научете да се почитувате себеси такашто нема да ја спуштате цената на своите способности.

Научете да се почитувате себеси такашто ќе ја говорите вистината и ќе ја барате од другите. Сите маски кои влегуваат во вашиот живот, дури и маските на луѓето кои се нарекуваат пријатели, како и оние другите, ќе ги земате со резерва додека не покажат што стои зад нив. Научете да се почитувате себеси такашто ќе ги пронајдете оние луѓе кои знаат дека не сте совршени, но се однесуваат со вас како да сте и така и вие ќе се однесувате со нив. Научете да се почитувате себеси, а другите ќе го следат вашиот пример!