Научете да се почитувате самите себе!

Научете да се почитувате самите себе со тоа што ќе го отфрлите сѐ она што ја гази вашата вредност, секој кој ја намалува и се игра со неа како со играчка. Научете да се почитувате себеси такашто нема да занемарувате како другите се однесуваат со вас.

Престанете да наоѓате оправдување за луѓето кои имале лош ден, па морале да го уништат вашиот ден. Тоа се слабаци кои не сакаат на другите да им е добро кога нив им е лошо. Научете да се почитувате самите себе такашто нема да се плашите да бидете поинакви од другите. Кој ви кажал дека морате да бидете исти како другите? Како тоа ќе има додадена вредност во вашиот живот? Можете да бидете сигурни дека тоа е патот кон внатрешно незадоволство.

Научете да се почитувате себеси такашто повеќе ќе размислувате за целта на вашиот живот, да сфатите дека не сте само случаен минувач, да го откриете оганот во вашето срце, да размислувате за вашите цели и да сфатите дека само вие можете да ги остварите. Не ја намалувајте својата вредност за никого.

Научете да се почитувате себеси такашто ќе ја зборувате вистината и ќе ја барате од другите. Сите маски кои влегуваат во вашиот живот, дури и маските на луѓето кои се нарекуваат вашите пријатели, како и оние другите ќе ги земате со резерва се додека не покажат дека стојат зад вас. Пронајдете луѓе кои знаат дека не сте совршени, но се однесуваат кон вас како да се совршени и вие ќе се однесувате така кон нив.

Научете се да почитувате самите себе, а другите потоа ќе го следат вашиот пример!