Научете да останете смирени, тоа е знак дека вие сте господари на сопствениот живот

Остани смирен кога ќе почувствуваш дека нема вистина во туѓите зборови , затоа што тие се единствените кои ќе ги чувствуваат последиците од своите лаги. 

Остани смирен кога ќе те затрупаат со критики, но и кога ти даваат комплименти, затоа што тоа се обични зборови.

Научи да останеш смирен што и да се случува околу тебе – тоа е една од најголемите животни уметности. Па дури и кога ќе победиш, затоа што си свесен дека тие победи нема да траат вечно и дека гордоста не го зголемува, напротив, го намалува твојот мир. 

Остани смирен и кога ти се колнат дека секогаш ќе бидат покрај тебе, затоа што знаеш дека зборот е нешто што луѓето најчесто го погазуваат.

Остани смирен и наспроти повредите и поставувањата сопки, затоа што знаеш дека не мораш да ги трпиш сите глупости од другите. 

Остани смирен и наспроти лузните, затоа што тие се потсетник за тоа колку далеку си стигнал. 

Научи да останеш смирен така што ќе поставиш граници за туѓите зборови упатени кон тебе, но и за туѓото однесување. Постави граници до каде можеш да толерираш нешто, а потоа едноставно пресекуваш. 

Научи да останеш смирен, затоа што тоа е знак дека си научил да го сакаш својот живот, затоа што каков и да е – твој е. 

Научи да останеш смирен, затоа што тоа е најдобриот знак дека ти си господар на својот живот, а не некој друг!