НаТочак: Еве вака треба да изгледа Скопје, барем еден ден месечно

„Без бучава од автомобили. Тишина. Џагор. Сино небо. Ветер. Звук на птици.

Да, во строгиот центар на градот се слушаше звук на птици.

Скопје, какво што треба да биде. Барем еден ден месечно.

Сакаме Ден без автомобили! За вакви убавини и за поттикнување на пешачење и возење точак“, велат од #НаТочак по посетата на папата Франциск.