Натепал обезбедувач на казино, па им се „силел“ на полицајците - уапсен скопјанец во Ѓорче

Ноќеска во 00:40 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Г.Ј.(50) од Скопје.

Како што се наведува во полицискиот билтен, 50-годишникот бил приведен затоа што околу 00:20 часот во казино физички го нападнал Б.Ѓ.(33) од Скопје, кој работел како обезбедување, а потоа пред објектот агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.