Наташа Андонова е најдобрата фудбалерка во Македонија

Уште едно високо признание за Наташа Андонова –фудбалерка од Неготино која последниве неколку години успешно ја гради  својата интернационална кариера, а паралелно дава сопствен придонес и во дресот на репрезентацијата на Република Македонија.

Имено, традиционално на крајот на годината Фудбалската федерација на Македонија ги врши изборот на најдоброто од фудбалот во нашата држава и тоа не за изминатата година, туку за изминатиот шампионат.

Така, беше и на пригодната свеченост што се одржа во МНТ каде што на свечен начин беа прогласени најдобрите фудбалер(к)и и фудбалските работници кои со постигнатите успеси оставија белег на годината која полека изминува.

Очекувано, за најдобра старонова фудбалерка на Македонија беше избрана неготинката Наташа Андонова која настапува за шведската екипа на Розенгард, игра во најелитното натпреварување Лигата на шампиони и е на добар пат со оваа екипа и да ја освои круната. Предходно, Андонова, со екипата на Розенгард ја освои титулата првак на Шведска и се надева дека ќе го оствари својот сон и сонот на секоја фудбалерка-освојување на пехарот во Лигата на шампиони.

nike air max 1 sale