Настрада уште еден мотоциклист - тешко е повредено момче на скопски булевар

 

Уште еден мотоциклист настрада во главниот град. 

- На 14.03. 2025 во 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Босна и Херцеговина“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(30) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М.(29) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ Скопје, соопштија од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.