
Наставник нападнал ученик во спортска сала на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.01.2026) во 15:30 часот во СВР Скопје, С.С.(36) од село Сарај, скопско пријавил дека околу 12:40 часот во спортската сала од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од А.П.(48) од Скопје, наставник во училиштето.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.