Наставник нападнал ученик во училиште, полицијата му поднесе кривична пријава

Полицијата поднесе кривична пријава против 37-годишниот И.У од селото Новак, општина Центар Жупа поради сомнение за сторено кривично дело напад на малолетен ученик во училиштето каде што работел.

„На 13.02.2025 пријавениот физички нападнал малолетен ученик во училиштето“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Ова не е прв ваков случај, претходно пријави заработија наставник од училиштето во село Броштица и од училиштето во Џепиште.