Наставник нападнал малолетник во училиште на Бит Пазар

38-годишен скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син бил нападнат од страна на наставник.

- На 27.05.2023 во 21.00 часот Н.А.(38) од Скопје пријавил дека на 26.05.2023 околу 08.00 часот во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот А.И., соопшти полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.