Наставниците бараат поголемо зголемување на платите од најавеното

Покачување на платите на просветарите веднаш, а не во септември. СОНК бара најавеното зголемување со буџетот за 2019 да се реализира уште во јануари. Со буџетот се предкага зголемување на платите за 5%, што за синдикатот е многу малку.

Велат дека состојбата во образованието е најалармантна, просечната плата е далеку под државниот просек.

Експертите бурно реагираат и на најавите за зголемување на платите од 5% на непродуктивната администрација пред таа да се реформира. „Порастот на платите на јавната администрација е избрзан. Во услови на недоволна ефикасност, ниска продуктивност и неможност на бизнис секторот да најдат работници и да го следат трендот на пораст од јавната администрација“, пишува на ФБ Благица Петерски од Фајнанс тинг. Министерот Манчевски пак покачувањето го правда со потребата за мотивирање на административците.

Во однос на превработеноста и идејата за прерастпредалба на административци во приватниот сектор, Манчевски вели дека се уште е рано да се зборува. За евентуалната прераспределба ќе се знае во втората половина од следната година.