Наставничка со тврд предмет нападнала ученичка во скопско училиште

Завчера во приватно основно училиште била нападната една ученичка од нејзината наставничка.

- На 23.03.2023 во 14.30 часот во Полициската станица Карпош, М.Д.(46) од Скопје пријавил дека на 22.03.2023 околу 10.30 часот во приватно основно училиште во Скопје неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзина наставничка, која употребила и тврд предмет, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.