Наставничка вработена во основно училиште во скопското село Зелениково ја удрила директорката, вчера во училиштето.

Полицијата информира дека на инцидентот што се случил претпладнето во училиштето „Мaрко Цепенков“ му претходела расправија меѓу двете колешки. Додека се расправале во ходникот пред канцеларијата на директорката, наставничката ја удрила директорката, а случајот веднаш бил пријавен во полиција.

Полицијата го расчистува насилството по што ќе биде поднесена пријава.