Наставата во ОУ „Гоце Делчев“ во скопски Центар прекината на неодредено време

Само што започна новата учебна година за учениците во ОУ „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје е прекината истиот ден и одложена на неодредено време.

Причина за одложување на наставата е реновирање на училиштето за кое не е познато до кога ќе трае, пренесе МКД.МК.

Според член 38 став 6 од Законот за основно образование „Воспитно-образовната работа не смее да се прекинува во текот на наставната година, освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност со Министерството.