Настап на Градскиот дувачки оркестар по повод 11 Октомври

По повод празникот 11 Октомври, со почеток во 17:30 часот, од Музеј на град Скопје кон улица Македонија“, па се до плоштадот, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи променаден концерт.

На оваа музичка променада, членовите на оркестарот ќе ги изведат следниве дела:Младинска чекорница, Вардаре македонски, Патриотска чекорница, Народе македонски,
Работнички марш, Ваташа и Огномет на слободата.

Градскиот дувачки оркестар, кој работи под покровителство на Град Скопје, составен е од членови главно професионални музичари. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечана нота.