Наскоро започнува изградбата на адреналинскиот парк во Карпош

Од Општина Карпош, најавуваат дека изградбата на новиот адреналинси парк треба за почне кон крајот на месец март. 

Конечно карпошани ќе добијат едно сосема ново, поразлично катче. Новиот парк ќе се простира од вештачката карпа до бунарите на реката Лепенец, по должина на кејот на реката Вардар, а ќе го опфати и амфитеатарот.

Паркот ќе биде со зеленило, со оглед на тоа дека сега овој простор целосно е запуштен, обраснат со трева и претставува место за палење огнови на отворено и место каде што се создаваат депонии.

Адреналински парк, кој ќе се состои од една централна куќа и од 14 до 18 станици по кои ќе се стигнува со одење по јажиња и буриња.

Покрај асдреналнски дел, во паркот ќе има место и за најмалите, каде ќе бидат поставени лулашки, клацкалки и уште многу други играчки. Ќе има и игралиште за фудбал и одбојка на песок со монтажни трибини. Двете игралишта ќе имаат и трибини во четири реда.